Љубивој Тадиќ повреден во пожар во неговиот стан

Љубивој Тадиќ повреден во пожар
Љубивој Тадиќ повреден во пожар

Актерот Љубивој Тадиќ повреден е во пожарот што избувнал рано утринава во околу 3.30 часот во неговиот стан.

актерот се здоби со тешки повреди, а настрада неговата сестра
Љубивој Тадиќ повреден во пожар

Според информациите што ги објави српски „Курир“, во пожарот животот го загуби неговата сестра 57 -годишната М. Т., а Тадиќ заедно со неговата мајка, која, исто така, живеела во станот биле транспортирани во Ургентниот центар.

Актерот се здобил со изгореници од втор и трет степен, и се наоѓа на одделот за пластична хирургија, а неговата мајка која била во полоша состојба сместена е на одделението за интензивна нега.

Соседите откриле дека семејството Тадиќ во станот живее од пред неколку години.

Во пожарот актерот се здоби со тешки телесни повреди, а настрада неговата сестра
Љубивој Тадиќ повреден во пожар

Како што потврди српското МВР , пожарот избувнал во станот на првиот кат, а пламенот ја зафатил собата од 25 метри квадратни. Огнот најпрово ја зафатил собата на починатата, а лекарите на лице место ја констатирале нејзината смрт.

– Едно лице загина, а двајца се повредени во пожарот, што избувна утрово околу три часа на аголот на Мекензи и Коца капетан во Белград, изјави портпаролката на брзата помош, Нада Мацура.

Откако избувнал пожарот, сите станари од зградата биле евакуирани, а огнот бил брзо изгасен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.