Љубовна храна: Пет најдобри афродизијаци

Афродизијак е супстанција која што ја предизвикува или стимулира желбата за секс. Според многумина, храната е одлична за будење на страста и задоволството во спалната соба е загарантирано.

Афродизијак претставува храната, пијалоците, мирисите или разни други стимуланси кои можат да ја подигнат и стимулираат сексуалната желба. Миризбата, вкусот и изгледот на одредена храна исто така може да делува како ефективен афродизијак, не само за создавање на расположение, туку и за флертување и водење на љубов. Различните храни содржат различни хранливи материи и супстанции кои влијаат на телото на различен начин.

Па, затоа, следен пат пред да се впуштите во сексуалната игра потрудете се да ја зачините со неодоливо чоколадо или крцкави бадеми.

Ова се намирниците кои ветуваат незаборавни ноќи со саканата личност.

Чоколадо: Секогаш вкусно и заводливо. Оваа љубовна хемикалија, отсекогаш со право се асоцирала со љубовта и романсата. Чоколадото содржи фенилетиламин и серотонин, супстанции кои се произведуваат во мозокот кога се чувствувате среќни, возбудени или исполнети со љубов.

Иако чоколадото често го избегнуваме поради фактот што може да ставиме некој килограм повеќе, тоа може да стане најдобриот наш пријател. Во чоколадото има состојки кои во телото постигнуваат ефект сличен на оној кој настанува после доживувањето на оргазам, бидејќи овозможува чувство на благосостојба и возбудување. Покрај се, чоколадото секогаш не прави да се чувствуваме убаво и заљубено.

Мед: Златен, леплив и неодоливо вкусен. Гламурозниот изглед  и привлечниот вкус,  го прават сензуално и слатко искуство. Неговиот состав ги надразнува непцата.

Медот содржи Б витамини кои се неопходни за производството на тестостеронот. Претставува извор и на борот, присутен во телото во трагови, потребен за создавање на женскиот полов хормон – естрогенот. Затоа препуштете се на оваа вкусна наслада.

Бадеми: Масни и вкусни…Некои веруваат дека овој плод ја зголемува страста и возбудата кај жените.

 

Бадемите се богати со витамин Е, магнезиум и растителни влакна. Во комбинација со мед, гарантираат жешки страсти.

Банани: Бананите ја зголемуваат самодовербата, а со тоа и желбата за интимност. Бананата им дава енергија на мускулите и ги затегнува.

Поради кремастата текстура и ензимот бромелаин, конзумирањето банани може да ја подобри вашата сексуална изведба, а посебно помага за машката потенција.

Шампањско: Возбудливи меурчиња. Умерените количини на алкохол исто така делуваат како афродизијак, бидејќи ја потикнуваат сексуалната желба и кај мажите и кај жените.

Во тоа на прво место е шампањското кој е наречен пијалок на љубовта, со оглед на тоа дека ја прави и потребната топлина во телото. Покрај тоа, неговите меурчиња делуваат многу возбудливо…