Љубовната болка државата може да ја чини милијарди

Љубовните проблеми создаваат болка, кавга со партнерот, болно прекинување на врската или љубовна афера која излегла на виделина, сето тоа може да предизвика непроспиени ноќи поради кои следниот ден не сте во состојба да се појавите на работа.

Германците утврдиле дека неволјите со љубовниот живот може да претставуваат сериозен економски факт.

Резултатите од анкета неодамна спроведена меѓу возрасни корисници на интернет во Германија покажаа дека секој шести испитаник или околу 16 отсто барем еден ден изостанале од работа поради кавга со партнерот или поради „љубовни проблеми“.

Под претпоставка дека 16 отсто од анкетираните поради љубовни проблеми дома останале само еден ден, бројот на изостанување од работа во Германија изнесува најмалку 6,6 милиони на годишно ниво, што резултира со недостиг во производствената дејноста од околу 774 милиони евра и губење на над 1,4 милијарди евра бруто додадена вредност.

Со други зборови, кога љубовта боли, таа државата може да чини милијарди. Пресметките се темелат на податоците од вкупно 40,61 милиони вработени и на податоците за псоечноата годишен финансиски надомест 42.984 евра.

Истражувањето го спровел Институт за истражување на пазарот „Fittkau & Maass Consulting“, а анкетата ја нарачала агенцијата за онлајн познанства „ElitePartner“.