Љубовницата на Путин ќе го запали олимпискиот оган во Сочи?

Руските медиуми објавија дека честа да го запали олимпискиот оган на седми феврури во Сочи ќе ја има гимнастичарката и убавица Алина Кабаева. Но, Кабаева не е позната само по спортската кариера, туку  веќе неколку години дел од руските медиуми за неа пишуваат дека е љубовница на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Палењето на олимпискиот оган е строго чувана тајна, но ТВ-новинарката Ксенија Собочак на својот твитер-профил објави дека има информации од организацискиот комитет и домаќинот, дека токму Кабаева ќе биде таа што ќе го запали огнот на стадионот „Фишт“ на официјалната церемија на отварањето на 22-тите Зимски Олимписки Игри.

Меѓу другото, Кабаева  е пратеник од партијата на Путин, „Една Русија“. Медиумите пишуваа дека  Путин се развел од својата сопруга Људмила по 30-годишен брак поради преубавата Алина.   Медиумите шпекулираа дека Кабаева во 2008 година родила момче, а пред две години и девојче од врската со Путин.

Според експертите, олимпијадата во Сочи е најскапата досега и за неа се потрошени 50 милијарди долари.