Лоцирани „црните кутии“ од урнатиот индонезиски авион

Индонезиските власти ги лоцирале во неделата ткн „црни кутии“ од патничкиот авион на воздухопловната компанија „Sriwiyaj Air“ кој се урна во морето набрзо по полетувањето од главниот град Џакарта во саботата, а претходно беа пронајдени делови од човечки тела и од авионот.

Авионот од типот „Boeing 737-500“ со 62 патници и членови на екипажот полетал во саботата на домашниот лет кон Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан во оваа островска земја. Исчезнал од радарите четири минути по полетувањето.

Директорот на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот (KNKT), изјавил зе медиумите дека се лоцирани двете „црни кутии“ од летот SJ182. Додал дека се надеваат дека ќе успеат наскоро да ги извлечат на површината со помош на индонезиската армија.

Потрагата ќе продолжи и во текот на ноќта, соопштија службите за спасување, но напорите ќе бидат ограничени на сонарно скенирање на морското дно од чамци.

Засега е познато дека авионот минал низ фронт во кој имало грмотевици и се нашол во зона на силни турбуленции, изјави за медиумит во неделата Дани Саптијади, портпарол на индонезиската Агенција за етеорологија, клима и геофизика.

„Според податоците добиени од сателитите, во моментот на полетувањето имало голема облачност, обилни врнежи и грмотевици“, го цитира Саптијади порталот Detik.

Покрај тоа, „сите авиони кои во тој момент се наоѓаа во истата област морало да претрпат силни трубуленции“. Истоврмено, како што забелеќал Саптијади, „видливоста била околу два километра, и таа ситуација е погодна за полетување и за слетување“.

Сѐ уште не се познати точните причини за падот на авионот во најголемата воздухопловна несреќа во Индонезија по онаа од октомври 2018 година, кога авионот од типот „Boeing 737 Max“ на најголемата индонезиска воздухопловна компанија „Lion Air“ се урна исто така во Јаванското Море, кога загинаа сите 189 патници и членови на екипажот.

И пред несреќата од саботата повеќе луѓе загинале во воздухопловните несреќи во Индонезија отколку во која и да е друга земја во измината деценија, покажуваат податоите на Мрежата за безбедност во авиосообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.