Локацијата на лидерот на ИД откриена по испрашувањето на една од неговите жени

Информацијата за местото на кое се крие челникот на џихадистичката организација Исламска држава (ИД), Абу Бакр ал-Багдади, е дoбиена како резултат на апсењето и испрашувањето на една од неговите жени и лице за контакти, пишува во неделата The New York Times повикувајќи се на сопствени извори.

Спорев весникот, додека била притворена една од жените на ал-Багдади во текот на нејзиното сослушување, американските разузнавачки агенции успеале да ја утврдат приближната локација на водачот на Исламската држава, кој се криeл во „зафрлено село на северозападот од Сирија“. Овие податоци им овозможиле на челнциите на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во соработка со ирачкото и курдското разузнавање, поточно да утврдат каде се наоѓа ал-Багдади, како и да испратат шпиони во областа за да го следат неговото движење.

Претходно во неделата во агенциските извештаи, исто така, беше наведено дека разузнавачките служби на Ирак помогнале да се утврди локација на лидерот на Исламската држава.

Повикувајќи се на припадници на ирачкото разузнавање, агенцијата Reuters пренесе дека маж и жена од блиското опкружување на лидерот на Исламската држава го предале на ирачките специјални сили. Потоа, разузнавачките информации биле доставени до меѓународната коалиција предводена од САД. Ирачките разузнавачки служби ги имале точните координати за тоа каде се наоѓал ал-Багдади и тоа го овозможило планирањето на нападот во кој е ликвидиран.

Ирачките разузнавачки служби дознале каде престојува ал-Багдади по апсењето на маж и жена од ткн негов „внатрешен круг“ чии идентитети се тајни а само е познато дека се Ирачани. Двајцата дале информации благодарејќи на кои било откриени тајно место во западната ирачка пустина, каде што се чувале докумeнти во кои била наведена и информацијата за местото на кое престојувал ал-Багдади.

Специјалната операција во која требало да биде уапсен или ликвидиран ал-Багдади, требало да биде спроведена пред пет дена, но трипати била одложувана поради присуство на многу жени и деца, дознава панарапската телевизија Al Mayadeen, чие седиште е во Бејрут. Конечно таа е изведена ноќта од 26-ти кон 27-ми октомври, откако минатата седмица била одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.