Локализиран пожарот на Пелистер

Синоќа двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување успеаја да го стават под конторла пожарот на Баба Планина под врвот Пелистер, сепак поради силниот ветар на места се засилувал, но бил спречен од вработените во Дирекцијата.

Според командантот на единицата Петар Нолев, пожарот бил згаснат фронтално и изутринава е локализиран.

Пожарот избувна кај месноста наречена „Семафорите“, локација од која на една страна се оди кај месноста „Антена“, а на другата страна кон Големо Езеро. За гаснење беа вклучени два канадера кои спречија поголемо ширење на пожарот кога во попладневните часови имаше силен ветер.