Локализиран пожарот над тетовското село Вешала

Пожарот над тетовското село Вешала е целосно локализиран, а ситуацијата се следи, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.

Пожарот, според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово, е локализиран околу 12 часот.

-Но, тоа не значи дека е целосно изгаснат бидејќи се догасуваат одредени потенцијални жаришта на опожареното. Според развојот на ситуацијата, Центарот за управување со кризи директно со институциите од Системот за управување со кризи конкретно со Националниот парк, ДЗС, МВР, ТППЕ и други, а и преку Регионалниот ЦУК на Тетово локално во Општина Тетово, ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација и координација за соодветно дејствување согласно потребата, поточно барањата и известувањата на ангаќираните сили, а и според метеоролошките прилики на терен, се вели во информацијата од ЦУК.

Пожарот на тетовското село Вешала избувна вчера попладне.