Локализиран пожарот во близина на автопатот Велес-Скопје

Локализиран е пожарот вo близина на патарината кај Велешко езеро над автопатот Велес – Скопје.

Вечерва околу 20 часот и 30 минути е локализиран големиот пожар кој попладнево избувна над автопатот Велес- Скопје пред првата патарина, објави Канал 5 повикувајќи се на информнации од од Противпожарната единица (ППЕ) од Велес.

Според првичните информации од ППЕ од Велес со пожарот била зафатена голема површина од 250 хектари,  од кои 50 хектари шума со бор и чемпрес и 200 хектари сува трева и други нискостеблести растенија.

Екипите на ППЕ од Велес се вратија на терен каде вечерва ќе дежураат вработени од ЈПШС Подружница  „Бабуна“ од Велес поради претпазливост пожарот повторно да не се прошири.