Локализиран пожарот во фабриката за канабис во Росоман

Фото: ДИЖС Фејсбук

Државниот инспекторат за животна средина информира дека е локализиран пожарот во  магацинскиот простор на фабриката за канабис „ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ ДОО”, која се наоѓа во село Дебриште, општина Росоман. Од Инспекторатот најавија дека ќе спроведат истражни дејствија за причините за пожарот.

Фото: ДИЖС Фејсбук

-Од страна на ДИЖС, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Кавадарци, Државен инспектор за животна средина Јованче Колев веднаш е направен вонреден увид на лице место. Правниот субјект поседува Елаборат за животна средина, информираат на официјалниот Фејсбук-профил.

Како што информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев со повеќе од десет возила и над 25 пожарникари се интервенирало во магацинот на фабриката.

Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и спасен е поголем дел од објектот, пишува Јанчев на официјалниот Фејсбук-профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.