Локални избори во Турција

Денеска во Турција се одржуваат локалните избори.

Вкупно 52.695.831 тирски државјнани  денеска ќе гласаат на повеќе од 177.000 избирачки места за претставници на локалната власт.

Гласачките места се се отворени од седум до 16 часот во источните делови на земјата, а во западна Турција гласањето ќе трае до 17 часот. Првичните резултати од локалните избори се очекуваат во текот на вечерта.

Денешните локални избори се еден вид референдум за Партијата на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган, која е на власт од 2002 година.

Според социолошките истражувања, партијата на премиерот Ердоган има шанси за победа и покрај скандалите од последните месеци и протестите од летото, но не се исклучени изненадувања.