Локалните избори во БиХ одложени за 15-ти ноември

Локалните избори во Босна и Херцеговина, кои првично беа закажани за 4-ти октомври, се одложени и ќе се спроведат на 15-ти ноември, се наведува во одлуката која во сабоата на објави Центраната избнорна комисија (СИП).

Претседателоката на комисијата, Вања Бјелица Прутија, изјави за новинарите во Сараево дека одложувањето на датумот за изборите е неопходност, бидејќи парламентот на БиХ сѐ уште не го усвоил буџетот за оваа година, а од него се обезбедуваат поголем дел од средствата потребни за организирање на изборните активности.

„Со распишувањето на изборите започнаа да течат роковите за спроведување на одредените актовности предвидени со законот“, изјавила Бјелица наведувајќи дека единствено со одложувањето на датумот за изборите може да се осигури правовремено изработување на неопходниот избирачки материјал, вклучително и гласачките ливчиња.

Организирањето на годинешните избори за градоначалници и началници на опшштините, како и за општинските и градските совети, ќе чини повеќе од 4 милијарди евра, а половината од оваа сума се обезбедува до државниот буџет кој не е усвоен поради разните политички блокади. Во меѓувреме се појави потребата за измени на финаксиските калкулации направени пред избивањето на епидемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, спроведувањето на годинешните локални избори би можело да дојде во прашање и поради оспорувањето на легитимноста на членовите на изборната комисија, уште едно тело во БиХ кое со својот состав мора да ги задоволува комплицираните етничко-политички критериумо.

Претставничкиот дом на парламентот на БиХ во април за двајцата нови српски членови избра лица кои се билиски на партиите во Република Српска кои се во опозиција, а претходно оваа седмица за еден хрватски член е избран Жељко Бакалар, советник во кабинетот на хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

Овие именувања предизвикаа големи незадоволства во Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) и во ХДЗ во БиХ, каде изборите на новите членови во изборната комисија ги оценија за незаконски и бараат од Судот на БиХ да ги поништи. Челникот на СНСД, Милорад Додик, директно се закани дека во Република Српска нема да се признаат резултатите од изборите, коишто би ги спровела Централната изборна комисија на БиХ во сегашниот состав.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.