Локалните избори во Италија се тест за политичката и пандемиска перцепција

Италијаните ќе гласаат во неделата и понеделникот во 1.192 општини ширум земјата, вклучително и во четирите најголемите градови Рим, Милано, Неопол и Торино, и се сметаат за важен тест за политичкото расположени за големите партии.

Главните политички фигури, од премиерот Марија Драги до челниците на десницата Матео Салвини и Џорџија Мелони, како и поранешниот премиер Џузепе Конте, не се на изборните ливчиња но локалните избори би требало да покажат колку Италијанците се задоволни со владините политики и справувањето со пандемијата на коронавирусот и мерките кои се спроведуваат.

Изборите би требало да ја покажат иднината на сѐ популарната крајно десна опозиција. Покрај тоа, гласовите на повеќе од 14 милиони Италијанци коишто ќе излезат избирачките места би можеле да ја решат и иднината на десниот центар.

Крајно десната партија Лига предводена од бунтовниот лидер Матео Салвини се очекува да биде мината од десничарската Италијански браќа (FdI) на Џорџа Малони. Во прогнозите, дете париите до неодамна беа поврзани, а која од нив ќе оствари најдобар резултат на национално ниво, ќе го добие правото да ја води крајната десница на италијанската политика. Партијата Напред Италија (Forza Italia) на поранешниот премиер Силвио Берлускони потисната е на третото место во настојувањата да ја предводи десницата.

Италијанските гласачи со своите гласови на локалните избори ќе покажат дали ги поддржуваат или не најновите мерки на валдата на премиерот и поранешен челник на Европската централна банка (ECB), Марио Драги.

Од 15-тиоктомври секој вработен во приватниот јавните сектори ќе мора да прикаже „зелена пропусница“ како доказ за вакциниање, оздрвеле од Covid-19 или негативен коронавирус тест на сопствен трошок.

Чиста победа на опозициската челичка Мелони би можели да се смета како неодобрување на политиките на премиерот Драги. Но, доколку од друга страна, победи левиот центар предводен од Демократската партија (PD) со поранешнот премр Енрико Лета, владата би можела да зајакне следните неколку месеци.

Меѓутоа, поранашената европскептична и ентиестаблишмент партија Движењето пет ѕвезди (М5С), која до пред само неколку години имаше најмногу пратеници и беше во подем, е во опасноста да заостане. Пет години по победата на изборите за главниот град Рим, градоначалницата Вирџинија Раги би можела да остане без мандат, а веројатно е дека движењето ја изгуби и градоначланичката должност и во Торино.

Избирачките места во неделата се отворени од 7 до 11 часот попладне и во понеделни од 7 часот утрото до 3 часот попладнето, Доколку ниеден кандидат за градоначалник не оствари апсолутно мнозинство во големите градови, ќе се одржи втор круг во кој по две седмици ќе се натпреваруваат двата кандидата со најголем број гласови.