Локалот во ТЦ Бисер во кој синоќа се забавуваа средношколци, ќе добие забрана за работење

1445

Со синоќешниот случај, во кој млади се забавуваа во локал во ТЦ Бисер во скопската општина Аеродром, е запознаен Пазарниот инспекторат и локалот ќе добие забрана за работење до 30 дена, пренесува „360 степени“.

Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември (освен во петок и сабота кога е до 1 часот) е до полноќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.