Локвенец ветува дека конечно ќе ја заврши пругата кон Бугарија

Директорот на МЖ инфрастуктура Локвенец е сигурен дека во негово време ќе биде зваршена пругата кон Бугарија- деценски проект кој повеќе од 20 години повеќе влади не успеаа да го реализираат. Пругата во должина од 89 километри е поделена во три фази и е со вредност од над половина милијарда евра. Најскапа е третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија. Иако за дел од бизнисмените овој проект нема да биде исплатлив и подобро е да се градат патишта, Локвенец тврди дека проектот ќе биде и од еконмско и од еколошко значење.

Освен на железничкиот, во меѓувреме се работи и на патниот дел од Коридорот 8.

Минатата година изградбата на пругата кон Бугарија беше стопирана затоа што германската фирма го раскина договорот. Во февруари се објави нов тендер за избор на нова фирма која ќе продолжи со градбата. Надлежните очекуваат пругата да биде готова до 2027 година. Инаку за МЖ инфрастуктура проблем е и наоѓањето на кадар за работа со оглед на тоа што голем дел од сегашните вработени треба да заминат во пензија. Претпријатието во моментов има загуба од 1,3 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.