Лондон ја повика Северна Кореја да испрати претставник на погребот на кралицата

Велика Британија ги повикува претставниците на Северна Кореја да присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, а Авганистан, Сирија и Венецуела не се поканети, изјави во средата за Reuters извор од британското министерство за надворешни работи.

Поканата се однесува на ниво на амбасадорот, прецизирал изворот на агенцијата.

Погребот на најдолговечната британска кралица ќе се одржи во Лондон во понеделник, а на него ќе присуствуваат бројни светски челници, припадници на кралски семејства и други високи личности.

Сирија и Венецуела не се поканети затоа што Велика Британија во моментов со нив нема дипломатски односи, а Авганистан поради актуелната политичка ситуација, појаснил соговорникот.

На тие три држави им се приклучуваат Русија, Белорусија и Мјанмар, кои исто така не се поканети. Претходно седмицава, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање ја исклучи можноста претседателот Владимир Путин да присуствува на погребот на кралицата.