Лондон бара објаснување од Париз за забраната за патувања низ Франција

Британската влада бара итно објаснување од Париз откако Франција им забрани на британските државјани преку копнен пат да минуваат низ нејзината територија кон другите членки на Европската унија.

Сите патувања, освен неизбежните, од 18-ти декември се забранети од Велика Британија во Франција, со неколку исклучоци, за да се запре ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот.

Британското биро за странство ги ажурираше своите упатства и совети за оние кои патуваат во Франција наведуваји дека тамошната влада истакнала дека „на британските државјани кои патуваат од Велика Британија, а немаа престој во Франција, нема да им биде дозволен транзитот низ оваа земја доколку не патуваат по воздушен пат“.

„Итно бараме дополнително објаснување од француската влада, а во меѓувреме им советуваме на британските државјани кои низ Франција се вражаат во другите европски земји да се консултираат со својот превозник пред патувањето“, соопшти бирото.

Француската одлука ќе влијае на оние кои решиле по сувоземен пат да се враќаат во своите домови во земји членки на ЕУ, откако ги минале божикните празници со семејствата и пријателите во Британија.

Компанијата која управува со сообраќајот преку тунелот под каналот Ламанш „Eurotunnel Le Shuttle“, објави дека француската влада таа одлука ја донела во вторникот. Им се советува на патниците да ја посетат веб-страницата на француската амбасада во Лондон, но инфорамциите на неа не се ажурирани од 20-ти декември.