Лондон доби поддршка од ЕУ и НАТО за нападот со нервен агенс

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон добил во понеделникот дополнителна поддршка од Европската унија и НАТО за случајот со наводниот напад со нервен агенс врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал на 4-ти март во јужна Англија и ги отфрли негирањата на Русија на обвинувањата од Лондон дека Москва е вмешана во инцидентот како „сѐ побесмислени“ но не го спомена британското одбивање да ја следи меѓународната пракса кога станува збор за вакви инциденти дека треба да биде вклучена во истрагата и обвинетата земја.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон разговарал за „обидот за убиство“ на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој се обратил, како и на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по минатонеделни те изјави за солидарноста на мноштвото западни влади.

„Нашите сојузници во НАТО покажаа таква неподелена поддршка“, изјави Џонсон за новинарите по средбата со Столтенберг.

Сите 28 министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ издадоа заедничко соопштение за споменатиот напад изразувајќи „безусловна солидарност“.

„Европската унија крајно сериозно ја прима оцената на владата на Обединетото Кралство дека е многу веројатно дека Руската Федерација е одговорна“, се наведува во соопштението во кое не се тврди изрично дека Москва е организатор на наводното труење ниту за каква одговорност станува збор.

Русија повеќепати изминатите две седмици негираше дека има поврзаност со нападот, истакнувајќи го британското противење да ја вклучи во истрагата, бидејќи Јулија Скрипал е руска државјанка, како и да ѝ предаде примерок од агенсот со кој е извршен наводниот напад, што е во согласност со меѓународните закони во вакви случаи. Москва, покрај тоа, објави дека и други земји во 1990-те работеле на развивање на нервниот отров кој Лондон го идентификуваше како „новичок“, меѓу кои се и самата Велика Британија, Словачка, Шведска, Чешка, а можеби и САД.

Џонсон изјави дека „видел класична руска стратегија“ додека доаѓал на состанокот на ЕУ, но дека „не можат повеќе никого да измамат“.

„Дали има земја околу оваа маса овде во Брисел која последните години не била погодена од некое зло и нарушувачо руско однесување“, рече шефот на британската дипломатија.

Сотлтенбер го потврди ставот велејќи „Русија ќе продолжи да настојува да нѐ подели“.

Шведската министерка Маргот Валстром во меѓувреме го обвини руското министерство за надворешни работи дека „намерно шири смут“ споменувајќи ги земјите кои го развивале нервниот отров употребен во Англија меѓу кои е и Шведска.

„тоа е само смешно и без основи. Мислам дека со тоа се обидуваат да го одвратат вниманието од вистинскиот проблем“, рече Валстром но не го идентификуваше конкретно проблемот на кој алудира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.