Лондон ги легализираше правото на абортус и еднополовиот брак во Северна Ирска

Правото на аборус и истополовиот брак се легализирани во вторникот во Северна Ирска според одлуката на парламентот во Лондон во кој се носат одлуките за оваа покраина на Обединетото Кралство, бидејќи извршната власт во Белфаст не заседава веќе три години.

Северна Ирска е единствениот дел од Велика Британија во кој не беа дозволени еднополовите бракови, за разлика од Англија, Шкотска и Велс. Законите во оваа покраина го забрануваа и абортусот, освен во случај да е загрозен животот на мајката. Во остатокот од Обединетеото Кралство правото на абортус е донесено во 1967 година.

Лишени од извршната власт од јануари 2017 година по избувнувањето на политичко-финансискиот скандал, институциите на Северна Ирска се парализирани, што го искористија пратениците во британскиот парламент и во јули изгласаа амандмани за да го прошират правото на абортус и да овозможат склучување истополови бракови, доколку до понеделникот 21-ви октомври не се оформи никаква локална влада. Така, ови промени стапија на сила во Белфат од полноќ кон вторникот.

Прописите во врска со истполовото партнерство ќе бидат заокружени до 31-ви јануари, а првите цивилни истополови бракови би требало да се склучуваат најдоцна до 14-ти февруари 2020 година, на празникот свети Валентин, рече Џулијан Смит, британскиот државен министер задолжен за Северна Ирска.

Досегашните закони беа на сила благодарејќи на конзервативцит од двете верски заедници во Северна Ирска, протестанската којашто заговара останување во Обединетото Кралство, и католичката којашто заговара обединување со Република Ирска.

За да го изразат противењето на промените на законите, северноирските пратеници се собраа на дискусија во Законодавното собрание, но станува збор за симболички гест бидејќи без поддршката од повеќе партии во понеделникот не можеа да изберат премиер и заменик премиер, па не беше можно да се блокира ниту законот усвое во Лондон.

Челничката на ултраконзервативната Демократска унионистичка партија (DUP), Арлен Фостер, изјави дека „денеска е тажен ден“.

Пред северноирскиот парламент се собраа неколку стотоци демонстранти, поборници на забраната на аборутост кои ја осудија „недемократската и погрешна одлука“ на Лондон и кои кои се „гласот на најранливите – неродените деца во нашето општество“, но и активисти за правото за абортус кои скандира „сакаме право на избор и тоа веднаш“.