Лондон ги отфрли преговорите со Аргентина за Фолкландите

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли порача дека Фокландските (Малвинските) острови му припаѓаат на Обединетото Кралство како одговори на предлогот на неговиот аргентински колега Сантијаго Кафиеро да бидат обновени преговори за малите далечни острови во јужен Атлантик.

Шефот на аргентинската дипломатија претходно ѝ предложи на британската страна да се одржи состанок во рамките на Обединетите нации во Њујорк, на кои ќе се прецизира агендата за преговорите за островите.

„Фолкландските острови се британски. Жителите на островите имаат право да одлучуваат за својата иднина – тие избраа да останат британска прекуморска територија“, напиша Клеверли на Twitter.

Во 2013 година на островите се одржа референдум на кој големо мнозинство од локалните жители гласаа за задржување на статусот на британска прекуморска територија. Аргентинската влада тогаш најави дека резултатот од тој референдум нема да влијае на територијалните претензии на Буенос Аирес кон островите за кои во 1982 година двете земји водеа војна.

Фолкландските острови во Аргентина ги нарекуваат Малвини се вклучени во многу географски мапи како интегрален дел на аргентинската територија. Островите во XVIII и XIX век беа цел на британски, француски, американски и аргентински претензии, а од 1833 година се под британска власт.

Речиси и оттогаш постои вековниот според меѓу Аргентина и Велика Британија во врска со суверенитетот над Фокландските (Малвински) острови. Во 1982 година избувна војна меѓу двете земји, која траеше неколку седмици и заврши со понижувачки аргентински пораз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.