Лондон го осуди антисемитскиот чин во Тексас, се огласи братот на грабнувачот

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас го осуди во неделата „терористичкиот и антисемитски чин“ по заложничката драма во синагогата во американската сојузна држава Тексас, во која беше ликвидиран грабнувачот идентификуван како 44-годишниот британски државјанин Малик Фајсел Акрам.

„Го осудуваме овој терористички и антисемистски чин. Стоиме со САД во заштитата на правата и слободите на напите грашани од оние коишто шират омраза“, објави на Twitter шефицата на британската дипломатија Лиз Трас.

Американското Федерално биро за истраги (FBI) изјави дека грабнувачот е идентификуван како британскиот државјанин Малик Фајсал Акрам. Тој во заложништво зема четири лица во синагогата, меѓу кои и рабин, кои беа ослободени од агентите на Бирото без да бидат повредени.

Акрам е убиен по повеќе од десетчасовното преговарање во заложничката криза која заврши со операција на специјалците со силна тетонација и истрели во конгрегацијата Бет Израел во Коливол, град од околу 23.000 жители, четириесттина километри од Далас.

Антитерористичката полиција од северозападна Англија потврди во соопштение дека осомниечниот грабнуваче е Малик Фајсал Акрам од Блекбурн во северната англиска ггрофовија Ланкашир. Нa Facebook страницата на тамошната муслиманската заедница маж кој се претставува како брат на Акрам наведува дека тој бил „убиен со истрел од огнено оружје“.

„Не можевме да го убедиме да се предаде…. До рано утрото ев во контакт со Фејсал, преговарачите и FBI“, пишува мажот кој се потпишува како Гулбар и истакнува дека неговиот брат „имаше психички проблеми“.

Додава дека неговото семејство е „скршено“ и дека „не одобрува ниедна негова постапка“. „За муслиман е непросливо да нападне Евреин, како и за кој и да е Евреин да нападне муслиман, христијанин, хиндус“, пишува Гулбар.

Семејството сега се обидува да ги врати посмртни останките на Малик Фајсал Акрам во Велика Британија „иако сме известени дека тоа би можело да потрае со седмици“, истакнува.

Скотланд Јард потврди дека британскатата антитерористичка полиција „беше во контакт со американските власти ис о колегите од FBI“ во врска со инцидентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.