Лондон го следи Вашингтон и повлекува дел од персоналот од амбасадата во Киев

Британското министерство за надворешни работи во понеделникот објави дека Обединетото Кралство започнало да го намалува бројот на персоналот во својата амбасада во Киев и евакуирање на членовите на нивните семејства, обрзложувајќи го тоа со наводното растење на воените тензии меѓу Украина и Русија.

Потегот на Лондон следи откако Вашингтон објави дека решил да ги повлече сите членови на семејствата на дипломатите во Киев, како и дел од персоналот кој не е неопходен за функционирање на дипломатската мисија, како одговор на „заканата од руска инвазија“.

„Дел од персоналот и членовите на семејствата се повлекуваат од Киев како одговор на растечките закани од руска инвазија. Британската амбасада и натаму останува отворена и ќе прподолжи да го извршува основните работи“, се наведува во соопштението на Форинг Офисот.

Британскиот вицеперемиер Доминк Раб во неделата за јавниот серви BBC изјави дека постои „многу значителен“ ризиј деак ќе дојде до инвазија на Русија во Украина.

Чекорите кои ги преземаа Велика Британија и САД, поврзани со повлекувањето на дипломатскиот персонал, во Киев се коментирани како „претерано претпазливи“ и „преуранети“.

Претходно во вторникот висолиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изјави дека Брисел не планира да ги повлече семејствата од Украина.
„Ние нема да го сториме тоа, бидејќи не знаеме никакви посебни причини. Но американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе нѐ информира за тоа“, рече Борел додавајќи дека не гледа причина дипломатите да ја напуштат Украина „освен доколку Блинкен не пружи информација коишто го оправдуваат овој потег“.