Лондон и Брисел остануваат оддалечени околу трговскиот договор

Европската комисија и Велика Британија останаа оддалечени во врска со трговскиот договор по брегзитот, соопшти претседателелката на ЕК, Урсула фон дер Лејен во средата ноќта, откао како што опиша, „живата“ вечера со британскиот премиер Борис Џонсон.

„Се согласивме дека тимовите (за преговори) би требало веднаш повторно да се средната за да се обидат да ги решат важните прашања. Ќе ја донесеме одлуката до крајот на седмицата“, истакна фон дер Лејен.

Џонсон и фон дер Лејен се согласиле во средата дека имаат уште време до недела да донесат „цврста одлука“ за иднината на трговските преговори, изјавил за Reuters висок извод од Даунинг Стрит.

По „искрената дискусија“ во текот на вечерата, според неименуваниот соговорник на агенцијата, двете страни се согласиле дека меѓу нив остнале „многу големи празнини“.

„Премиерот не сака да остави неиспитан ниеден пат до можниот договор. Премирот и фон дер Лејен се согласиле дека до недела би требало да се се донесе цврста одлука за иднината на преговорите“, рекол изворот.