Лондон мора да го реши Протоколот за Северна Ирска

Вицепремиерот на британската влада Доминик Рааб изјави во неделата дека политичката стабилност на Северна Ирска ќе биде загрозена сѐ додена не биде решен проблемот со Протоколот воспоставен по излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија за трговијата меѓи оваа британска покраина и остатокот од земјата.

На локалните избори за покраинскиот парламент во четвртокот првпат во историјата на Северна Ирска победи ирската националистичка партија Шин Фејн, поранешното политичко крило на полувоената Ирска републиканска армија (IRA), и веднаш најави разговори за обединување на овој дел од Велика Британија со Република Ирска членка на ЕУ.

Локалната влада во Северна Ирска не беше во цел состав од февраури кога првиот министер на покраината, Пол Гиван од пробританската Демократска унионистичка партија (DUP) поднесе оставка протестирајќи против Протоколот со кој ЕУ и Велика Британија во 2019 година го договорија режимот на трговијата по брегзитот.

„Јасно е дека стабилноста загрозена со проблемите настанати поради Протоколот за Ирска и Северна Ирска. Сега се фокусираме на два елемента: да се зближат партиите, да се постигне стаболност и да се ‘отклучат“ проблемите настанати поради Протоколот“, рече Рааб кој воедно е и министер за правосудство.

Како победник на локалните избори Шин Фејн сега има право да предложи кандидатот за должноста прв министер на Северна Ирска, но според мировниот договор од Велики петок од 1998 година со кој завршија децениите крвави судири во покраината, во власта мора да учествуваат и пробританските протестантски партии и ирските католички партии.

Проблемот се појави бидејќи пробританската унионистичка партија DUP веднаш по дознавањето на изборните резултати објави дека нема да учествува во покраинската влада, доколку не биде постигнат догворот за трговијата.

Лондон и Брисел со месеци се обидуваат да го надминат застојот поради трговијата, бидејќи по излегувањето на Велика Британија од ЕУ всушност се создаде царинска граница во британската територија, меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство.

Со протоколот за Ирска и Северна Ирска, кој го договорија Лондон и Брисел по брегзитот, се избегнува „тврдата“ граница меѓу терироијата на ЕУ и територијата на Обединетото Кралство кој според тоа повеќе не е дел од Унијата. Со Протоколот, така, се овозможува непречено функционирање на економијата на целиот поделен остров и се штитат сите одредби од Договорот на Велики петок, а и го осигурува и единствениот пазар на стоки на ЕУ.