Лондон не планира да го продолжи преодниот период во односите со ЕУ

Британската страна ѝ потврдила на Европската унија во текот на последната рунда преговори за процсот на брегзитот дфека не планира да го продолжи преодниот период во односите со Унијата, изјави на прес-конференцијата во петокот главниот преговарач на ЕУ за споменатиот процес, Мишел Барние.

„Британската влада ни кажа и потврди во оваа рунда од преговорите дека отфрла секакво продолжување на преиодниот период“, рече Барние.

Оваа седмица, претставниците на ЕУ и на Обединетото Кралство одржаа нова рунда од преговорите за уредување на идните односи меѓу двете страни.

„Владата на Велика Британија одби какво било одложување на конечното повлекување од европскиот пазар, кое е планирано за 31 декември 2020 година. Ова е датумот на економскиот брегзит, односно крајот на преодниот период по политичкиот брегзит на 1-ви февруари 2020 година“, рече Барние.

Истовремено истакна дека Британија ја одолговлекува работата за подготовка на договор за идните односи со заедницата по преодниот рок за нејзино повлекување.

„Велика Британија го забавува процесот на преговори. Оваа недела одби да отвори конструктивни разговори за четирите клучни точки што се содржани во политичката декларација на Брисел и Лондон“, додаде Барние.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.