Лондон нема „веднаш“ да му испорача авиони на Киев, Париз вели дека не се разговарало на темата

Велика Британија нема намера веднаш да му испорача на Киев модерни западни борбени авиони во блиска иднина, пишува BBC во четвртокот повикувајќи се на министерот за одбрана Бен Валас, а истовремено францускиот претседател Емануел Макрон рече дека за таа тема не било разговарано во текот на синоќешните разговори кои со германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз ги водеше со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Министерот за одбрана Валас изјави, како што пренесува британскиот радиодифузер, дека нема да има брзо испорачување на борбените авиони во Укрона.

Испораката на авиони може да потрае повеќе месеци, додал Валас. Наместо тоа, додал одбранбениот министер на Обединетото Кралство, Лондон ќе се фокусира на други начини да се осигури воздушно покривање на Украина, вклучително и ракети со долг дострел и беспилотни летала.

„Може да се постигнат истите резултати, но можеби на поинаков начин и за тоа нема да бидат потребни месеци, коишто, се разбира, се потребни за испораките на ловците“, рекол британскиот министер за одбрана.

Истакнал дека, во прв ред, треба да се обезбедат борбени авиони од самата Велика Британија и од сојузниците во НАТО. Претходно во средата на средбата на премиерот Риши Суноак и украинскиот претседател Володомир Зеленски во британската воена база на југот од Англија беше потврдено дека таму се обучуваат 600 украински пилоти за управување со западните напредни борбени авиони. Притоа Сунак рече дека од Валас побарал да се испита кои типови авиони точно може да му бидат предадени на Киев.

Валас, исто така, ја коментираше и изјавата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој повика да бидат испратени борбени авиони од моделот „Typhoon“ во Украина. Британскиот министер за одбрана притоа потсети дека за нивната испорака, како и за другите видови летала, според договорите потребни се одобрувања од земјите партнери во нивното производство.

Во текот на посетата на Лондон и Париз во средата, и на Брисел во четвртокот, украинскиот претседател Зеленски ги повика западните воени сојузници да му испорачаат на Киев напредни борбени авиони и артилериски системи со дострел до 300 километри во рамките на следната фаза на испораки на западното вооружување со украинските сили.

Во Кремљ оваа ситуација се смета за директно вклучување на Велика Британија, Германија и Франција во конфликтот меѓу Русија и Украина. Според портпаролот Дмитриј Песков, таквите дејствија на западните земји водат само до ескалација на тензиите, што ќе ја прави конфронтацијата само поболна за Украина и ќе го зголемат страдањето на украинскиот народ.

За темата испраќање борбени авион во Украина не било разговарано во текот на париската посета на украинскиот претседател Володмир Зеленски во средата ноќта, тврдеше во четвртокот францускиот претседател Емануел Макрон. Таа изјава францускиот челник ја даде за новинарите по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел, каде претходно претседатеката на Европскиот парламент каде се обрати Зеленски, Роберта Метсола се заложи на Киев да му биде предадена артилерија со долг дострел од 300 километри и борбени авиони.

„Од првите денови сме подготвени да ѝ пружаме помош на Украина за да може да се спротистави на руската агресија… Верувам дека сега треба да се фокусираме на оние залихи што ќе бидат корисни сега, а не на ветувањата што може да бидат реализирани подоцна“, рече Макрон за новинарите.

„Постојат краткорочни потреби. За нив разговаравме вчера на разговорите и ќе ја продолжиме таа дискусија“ рече Макрон.

Притоа францускиот челник одби да одговори на новинарската прашање да ги прецизира таквите примарни потреби на Киев.

„Споделувањето на такви информации паѓа на украинскиот претседател… Тоа е она што ќе ја одреди нашата подготвеност за испораки и помош“, истакна Макрон.

Досега Франција во Украина испорачала 18 самоодни артилериски системи „Caesar“ и две батерии воздушни системи „Crotale“, Во декември Макрон изјави дека во на почетокот од 2023-та Париз планира на Киев да му испорача нова пратка оружја и муниција. Минатата седмица министерката за одбрана Ан-Клер Лежандр ги потврди француските планови на Украина да ѝ бидат испорачани дополнителни 12 системи „Caesar“, како и обука на 2.000 украински војници во Франција и во Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.