Лондон подготвен за неуспех на преговорите, освен ако ЕУ темелно не го промени пристапот

105

Обединетото Кралство „мора да се подготви“ за неуспехот на трговските преговори со Европската унија, освен доколку Унијата „темелно не го промени“ пристапот, предупреди во петокот британскиот премиер Борис Џонсон, но во Брисел сметаат дека преговорите одат натаму и дека таквата изјава е „несериозна“.

Самитот на ЕУ во четвртокот се покажа како нов „дијалог на глуви“, бидејќи 27-те членки на ЕУ бараат Лондон да се согласи на отстапки и се поготвени за продолжување на преговорите за да се постигне договор за слободната трговија следната година кога Велика Британија по 47 години и дефинитивно ќе престане да ги применува прописите на Унијата.

„Се откажаа од договорот за слободната размена, се чини дека нема никаков напредок од Брисел, па им порачуваме: јавете се ако решите од темелите да го промените пристапот, а во спротивно ќе разговараме за практичните поединости без договор“, изјави Џонсон за британскиот јавен сервис.

Џонсон на 7-ми септември го постови датумот 15-ти октомври како краен рок за договорот и рече дека доколку тој не биде постигнат двете страни треба тоа „да го прифатат и да продолжат натаму“ по својот пат.

„Заклучив дека мора да бидеме подготвени на 1-ви јануари за режимот сличен на оној кој го имаме со Австралија, на обичните принципи на глобалната светска трговија“, рече Џонсон алудирајќи на минималните прописи на Светската трговска организација (СТО – WTO).

Европската унија не е подготвена за нов круг разговори со Лондон следната седмица и смета дека изјавата на британскиот премиер „не е сериозна“, рекол за Reuters неименуван извор од Брисел. Џонсон „не кажа дека станува од преговарачката маса. Значи сето тоа е само реторика. Не рече дека престанува да преговара. Значи дека тие ќе преговараат“, рекол дипломатот.

Функционер од Брисел рекол дека преговарачкиот тим за брегзитот „се подготвува за интензивна седмица во Лондон“. „Севкупно, договорот со Австралија, договорот со Канада…., едноставно тоа е несериозно“, додал.

Обединетото Кралство излезе од ЕУ на 31-ви јануари, но до 31-ви декември се применуваат прописите на Унијата. Доколку дотогаш не биде постигнат договор за идните односи, следи неуредно раздружување кое ќе има потешки последици за економиите на двете страни кои веќе се ослабени поради пандемијата на коронавирусот.

ЕУ ѝ нуди на Велика Британија пристап до својот голем пазар без царини и квоти, но за возврат бара Лондон да се придржува до европските стандарди, бидејќи не сака нелојална конкуренција којашто би ја претставувале британските компании. Исто така, Брисел инсистира не целосно спроведување на договорот за раздружувањето кој Обединетото Кралство го прекрши со изгласување на законот кој го менува договорениот протокол во врска со границата на Ирскиот остров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.