Лондон порача дека ЕУ нуди неквалитетен трговски договор

Европската унија на Велика Британија ѝ нуди трговски договор со „релативно низок квалитет“, тврди главниот британски преговарач Дејвид Фрост во писмото до Мишел Барние, главниот преговарач на ЕУ.

„Севкупно, во овој момент од преговорите тоа што се нуди не е чесен однос во слободната трговија, туку трговски договор со релативно низок квалите со надзор без преседан од страна на ЕУ врз нашите закони и институции. Се надевам дека ЕУ во наредните седмици повторно ќе размисли за своите предлози, за да овозможи брз и констуктивен исход“ на преговорите“, се наведува во писмото на Фрост објавено на интернет страницата на британската влада.

Според него, ЕУ „наместо да се обиде брзо да склучи низа висококвалителни договори со блискиот економски партнер, како предуслов за договор, инсистира на дополнителни, неурамнотежени и досега невидени одредби во цела низа сфери“.

Преговорите за идните трговски односи меѓу Обединетото Кралство и ЕУ траба да продлжат на 1-ви јуни, а секое продолжување на периодот предвиден за договор, кој трае до крајот на декември, мора да биде побарано пред 1-ви јули. Британскиот премиер Борис Џонсон, меѓутоа, категорично ја исклучува можноста од продолжување на преговорите кои би требало да бидат заклучени до 31-ви декември, и покрај ризикот договор да не биде постигнат, што би можело да има сериозни последици за британската но и за економијата на ЕУ.

Британскиот министер Мајкл Гоув оцени во вторникот дека „ЕУ во основа сака да се придржуваме до правилата на нивниот клуб, дури и ако ние повеќе не сме членови, тие сакат да имаат ист пристап до нашите риболовни подрачја како и сега, а го ограничуваат нашиот пристап на нивните пазари“.

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31-ви јануари по третото одложување на рокот, а според договорот за раздружување преодниот период трае до крајот на оваа година. Во текот на преодниот период двете страни би требало постигнат договор за идните односи, а Обединетото Кралство ги почитува сите правила на ЕУ како да е членка, единствено што не може да учествува во носењето одлуки.

Гоув претходно во неделата рече дека е можно да се постигне договор за идните трговски односи со ЕУ, но дека тоа бара согласност од Унијата на компромис.

Застојот во преговорите ја зголемува опасноста договор да не биде постигнат, сценарио кое би можело да наштети и на глобалната трговија во периодот кога светот се соочува со економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Главен проблем во преговорите се ткн „рамноправни услови“ кои би осигурале чесна конкуренција. ЕУ тврди дека тие се неопходни за да се осигури Британија да не ги намали своите стандарди а Лондон ги отфрла, бидејќи смета дека тоа ќе го врзе и натаму за законодавството на Унијата.

Британскиот весник The Mail on Sunday објави дека владата се подготвува за повлекување од преговорите, доколку не биде постигнат никаков напредок во новиот круг од разговорите кој ќа започен за 15 дена. „Потполно пропаѓање (на преговорите) е можно“, открил анонимен извор од владата во Лондон.