Лондон повикува на седница Советот на безбедност поради „новичок“

Велика Британија во четвртокот повика на состанок на Советот за безбедност при Обединетите нации за да ги изнесе податоците од истрагата за труење на поранешниот двоен руско-британски шпион во јужна Англија во март годинава.

Британската амбасадорка при ОН, Карен Пирс изјави во Њујорк дека Лондон бара седница на Советот за безбедност за да се расправа за ова прашање, коешто предизвика бран масовни протерување на дипломати меѓу Западот и Русија.

Британските обвинители во средата обвинија двајца наводно руски државјани за заговор со цел да го убијат поранешниот двоен агент Сергеј Сркипа, и неговата ќерка Јулија со воен нервен отров во англискиот град Солсбери, недалеку од воена база во којашто има хемиска лабораторија, на 4-ти март годинава. Обвинителите изјавија дека имаат докази да ги обвинат двајцарта наводно руски државјани за заговор со цел за убиство. Издаден е европски налог за апсење на Алескандр Петров и Руслан Боширов за кои тврди дека наводно се припаници на руското воено разузнавање ГРУ, меѓутоа Лондон одби на Москва ѝ даде отпечатоци од прстите и други податоци за двајцата.

Во четвртокот британскиот министер за безбедност Бен Волас го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „во крајна линија е одговорен“ за нападот со нервниот гас. „Во крајна линија тој е тоа (виновен), во својоство на претседател на Руската Федерација, а неговата влада ја контролира, финансира и води воената разузнавачка служба“, рече тој откако претходно во средата слична изјава но без директно споменување на рускиот челник даде и британската премиерка Терезе Меј.

Таа ја обвини Москва дека прозиведува дезинформации за овој случа, тврдејќи дека Лондон има „цврсти докази“ за заклучокот дека руската држава стои зад труењето на Сергеј и Јулија Скрипал, бидејќи наводно овој воен отров бил разработуван во 1970-те и 1980-те години во тогашниот Советски сојуз.

Руското министерство за надворешни работи уште во март соопшти кои земји би можеле да поседуваат резерви од нервниот агенс „новичок“ кој пред повеќе од три децении го развила тогашната советска армија, и на тој список се земји како Велика Британија, Шведска, Словачка, Чешка, а можеби и САД.

На изјавата реагираше само Чешка. Министерот за надворешни работи Мартин Стропници негираше дека нервниот отров употребен на 4-ти март врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во јужна Англија, можеби потекнува од Чешката Република. Меѓутоа, подоцна во јуни кабинетот на претседателот на Чешката Република објави дел од извештајот на чешкото воено разузнавање од кој е симната ознаката на доверливост, а на кој претходно се повика претседателот Милош Земан кога потврди дека во неговата земја се прозиведувал и тестирал нервниот агенс кој Западот го нарекува „новичок“.

Пораншениот руски резервен полковник во военото разузнавање ГРУ, 66-годишниот Сергеј Скрипал кој бил врбуван за британското разузнавање MI6, осуден на 13 години затвор a потоа помилуван од рускиот претседател во 2010 година и разменет за десет руски државјани осудени во САД, и неговата 33-годишна ќерка Јулија, руска државјанка, на 4-ти март беа најдени без свест на клупа во гратчето Солсбери.

Рускиот хемичар Вил Мирзајанов кој живее во САД и себеси се нарекува „еден од творците“ на нервниот отров „новичок“ коментирајќи го извештајот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солсбери, ја објаснува неефикасноста на супстанцијата со маглата. OPCW го објави својот извештај за труењето во Солсбери, но во него не е наведено ниту потеклото на нервниот агенс, ниту окретно го именува отровот.