Лондон повтори дека „нема смисла“ за продолжување на разговорите со ЕУ ако нема промена во ставот на Брисел

Лондон повтори впо понедленикот дека „нема смисла“ да се продолжат преговорите за трговски договор со Европската унија по брегзит, доколку нема промена на позицијата во Брисел. Во исто време главниот преговарач на Унијата, Мишел Барние, изјави дека е подготвен да ги продолжи преговорите засновани врз законски текстови.

„Нема смисла да се продолжуваат преговорите. Сѐ додека ЕУ се држи до својат став, таквите разговори немаат смисла, изјави британскиот министер Мајкл Гоув, одговорен за координација на активностите на Владата во Парламентот.

Ддаде дека „на самитот на ЕУ минатата седмица не е оставена никаква основа за постигнување договор”.

Во телефонски разговор, Барние денеска го инфромирал својот британски колега Дејвид Фрост дека ЕУ останува „на располагање“ за да разговара за односите по брегзит, врз основа на „законски текстови“ и да чека да одговори Лондон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.