Лондон предупредува за нови напади во Кабул, евакуациите завршуваат

Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави во петокот дека расте заканата од новите напади врз аеродромот во Кабул како што наближува рокот за повлекување на странските војници од Авганистан, што многу земји веќе го сторија, а Шпанија, Франција и Велика Британија го завршуваат во петокот.

Во експлозиите кои во четвртокот во близина на кабулскиот аеродром ги изведе ултрарадикалната сунитска џихадистичка групација Исламска држава убиени се 85 луѓе, меѓу кои и 13 американски војници и тоа ги забрза британските напори за извлекување од Авганистан.

Затворањето на центарот во хотелот „Baron“ во близина на кабулскиот аеродром се одвива според планот, рече Волас и додаде дека „заканата очигледно расте како што се ближи рокот за заминување“.

„Наративот е познат, додека ние заминуваме некои групи како Исламската држава тврдат дека тие ги протерале САД или Обединетото Кралство“, рече Волас.

Некои замји веќе ги завршиле своите мисии за евакуација, а британската операција „ќе за врши за неколку часа“, најави Волас.

„Ги проучуваме случаите на луѓето кои ги поведуваме со себе, околу илјада луѓе има на аеродромот, ќе се обидеме уште да пронајдеме некои луѓе во масата, главната операција сега е завршена и преостануваат уште неколку часа“, рече биртанскиот министер за одбрана.

Франција очекива да ги заврши евакуациските летови од Кабул во петокот навечер, потврдил за Reuters премеирот Жан Кастекс.

Шпанија во петокот објави дека ги завршила евакуациските операции од Кабул, откако „двата последни шпански летови“ во утринските часови слетале во Дубаи, една седмица по воспоставувањето на воздушниот мост, а ден пред влегувањето на талибаните во Кабул.

„Со овие два лета на воени авиони евакуацијата на авганистанските соработници кои работеле за Шпанци и нивните семејства е завршена“, објави во соопштение владата во Мадрид.

Австралија во петокот објави дека сите нејзини војници кои сѐ уште биле во Авганистан земјата ја напуштиле во срдата, ден пред двата крвави бомбашки самоубиствени напади на кабулскиот аеродром. Истовремено, и австралискиот министер за одбрана Питер Датон предупреди на заканата од нови напади.