Лондон се договори со Исланд, Лихтештајн и Норвешка за правата на граѓаните во случај на брегзит без договор

Велика Британија и земјите од организацијата EFTA, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, постигнаа договор за правата на граѓаните доколку Обединетото Кралство на 29-ти март ја напушти Европската унија без договор, објави во петокот исландската влада.

„Договорот ги штити правата на нашите граѓани кои живеат во Велика Британија и на Британците кои живеат во нашите земји, давајќи им сигурноста дека таму може да останат во случај на брегзит без договор. Тоа значи дека правото на престој е сигурно, без оглед на исходот од преговорите меѓу ЕУ и Британија“, се наведува во соопштението на владата на Исланд.

Норвешката влада претходно во петокот објави дека предложила закон за заштита на Норвежаните во Британија и на Британците во Норвешка, доколку се случи брегзит без договор.

Велика Британија, петтата најголема според обемот економија во светот, треба да ја напушти ЕУ на 29-ти март, но премиерката Тереза Меј сака поголеми отстапки од Брисел за да обезбеди поддршка за нејзиниот план за брегзитот кој парламентот го одби во декември.

Исланд,. Лихтенштајн и Норвешка не се членки на Европската унија, меѓутоа се членки на заедничкиот Европски економски простор.