Лондон тврди дека медицинските уреди подобро функционираат на белците и бара меѓународна акција

Велика Британија повика во неделата на меѓународна акција во врска со прашањето дека медицинските уреди, како на пример оксиметарот, подобро функционираат кај луѓето со светол тен на кожата, што пациентите од етничките малцинства би можело да ги чини животи во текот на пандемијата на коронавирусот.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид изјави дека побарал истрага за споменатиот проблем, откако дознал дека оксиметрите, коишто го мерат нивото на кислород во крвта и се клучни за следењето на состојбата на пациентите со Covid-19, даваат помалку точни отчитувања кај пациентите со потемна боја на кожата.

„Тоа системски се случува ширум светот“, изјави Џавид, додавајќи дека станува збор за расен проблем во врска со медицинските апарати за што вели дека оксиметарот е добар пример.

Дури, Џавид рече дека е можно луѓе да умреле од Covid-19 како последица на овој недостаток, но додаде дека за тоа нема „целосни факти“.

Рече и дека причина за дискрипанцата се состои во тоа што голем број медицински уради, лекови, постапки и учебници потекнуваат од земјите со мнозинско белечко население.

„Сакам да бидам сигурен дека ќе преземеме нешто во врска со ова прашање, но не само во Обединетото Кралство. Ова е меѓународен проблем и поради тоа ќе соработуваме со колегите ширум светот за да го промениме тоа“, рече Џавид.

Британскиот министер за здравство рече и дека за овој проблем веќе разговарал со американскиот колега, кој исто така бил многу заинтересиран за оваа тема.

Џавид рече дека станал свесен за проблемот откако истражувал зошто луѓето со потемен тен на кожата во Велика Британија диспропорционално се повеќе погодени со коронавирусната болест Covid-19.

Додаде дека третина од пациентите кои се примени на одделите за интензивно лекување од Covid-19 во раните фази на пандемијата биле припадници на етничките малцинства, што е всушност двојно повеќе отколку од нивниот удел во целото британско население.