Лондон убеден во напредокот на брегзит, го повикува Брисел на компромис

Британскиот министер за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, Доминик Рааб, изрази во вторникот убеденост дека Лондон и Брисел следната седмица на самитот ќе постигнат напредок во врска со брегзитот, но исто така повторно ја повика Унијата околу најтешките прашања „да се најдеме на половина пат“. Огу можен.

Преговорите за британското напуштање на ЕУ се интензивираа во пресрет на самитот кој ќе се одржи во среда и четврток следната седмица, а европските функционери дадоа простор да се верува дека договорот е многу скоро можен.

Меѓутоа, сѐ уште е нерешено прашањето на ирската граница. Само шест месеци пред Велика Британија да ја напушти Европската унија, што треба да се случи вечерта на 29-ти марти 2019 година, којашто минува низ најголемата промена во трговската и надворешната политика во последните четири децении, двете страни се обидуваат да го избегнат сценариото на брегзит без постигнат договор.

„Овој октомвриски самит ќе биде важен пресврт, очекуваме дека тоа ќе биде моментот кога ќе постигнеме некаков напредок… Се знаеше дека преговорите во оваа последна фаза ќе бидат тешки и токму затоа мораме сите да имаме студени глави, да сме решителни и концентрирани. Убеден сум дека оваа есен ќе постигнеме договор“, изјавил Рааб.

Лондон, особено, посакува да се постигне напредок по прашањето на идните односи меѓу двете страни, откако предлозите на премиерката Тереза Меј беа дочекани со критики, како во редовите на нејзината Конзервативна партија, така и на самитот на ЕУ кој се одржа во септември во Австрија.