Велика Британија веќе одлучила да ѝ дозволи на Украина со проектилите со долг „Storm Shadow“ која и ги испорачува да гаѓа цили во лабочина на територијата на Русија, но тоа нема официјално да биде објавено во наредните денови, тврди весникот The Guardian.
“
„Извори во британската влада рекоа дека веќе е донесена одлука да ѝ се дозволи на Украина да користи ракети Storm Shadow за гаѓање цели во Русија“, се вели во написот.
Според весникот, одлуката нема да биде јавно објавена до петок, кога британскиот премиер Кир Стармер ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски во јули изјави дека добил дозвола од новата лабуристичка влада на Велика Британија да ги користи ракетите „Storm Shadow“ за гаѓање цели длабокот на територијата на Русија. Набрзо по објавата на Зеленски, британското Министерството за одбрана ги демантираше овие информации.
Иствремено во четвртокот, другиот мејнстрим бритнаски весник The Telegraph објави, повикувајќи се на извори во британската влада, дека американскиот претседател Џо Бајден може да ја укине забраната за употреба на англиските проектили „Storm Shadow“ за удари на Русија. Овластувањето на Вашингтон за користење на овие ракети е неопходно, бидејќи тие се користат во тандем со американските ракетни и сателитски системи ATACMS.
Самиот Бајден претходно во средата рече дека Соединетите држави „во моментов“ го разгледуваат прашањето да ја симнат забраната за Украина да користи оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко во Русија.
Инаку, официјален Лондин во мај минатата 2023 година истакна дека неговата позиција во врска со употребата на ракетите „Storm Shadow“ за украински напади, кога му дозволи на Киев да ги користи во рамките на „меѓународно признатата“ територија на Украина, односно тертироите на југоистокот од земјата кои се под контрола на руската војска.
Рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, за руските медиуми коментираше дека изјавите на британските официјални лица за прашањето за употребата на „Storm Shadow“ од страна на Украине, кои му се соопштени нему по правило се многу нејасни. Тоа, според неги, им овозможува на медиумите поинаку да ги толкуваат.