Лондон во случај на брегзит без договор веднаш ќе ја укине слободата на движењето

Велика Британија во понеделникот порача дека дојде до нејзино истапување од Европската унија на 31-ви октомври без постигнат договор, веднаш ќе ги укине правилата на ЕУ за слободата на движењето, што претставува заострување на ставовите во однос на претходната влада во Лондон, иако премиерот Борис Џонсон порача дека земјата нема неприајтелски да биде расположена кон имиграцијата.

Поранешната британска премиерка Тереа Меј, која ја замени Борис Џонсон на 24-ти јули, предвидуваше „транзициски период“, дури и доколку Британија излезе без договор од ЕУ, што би им овозможило на европските граѓањи патувања во Обединетото Кралство, работа и студирање, без посебни чекори кои притоа би требало да бидат преземени.

„Слободата на движењето, онаква каква што денеска постои, ќе заврши на 31-ви октомври кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. По брегзитот владата ќе воведе нов по поправеден имиграциски систем во кој приоритетот ќе биде ставен на вештините и на тоа како луѓето може да придонесат за Велика Британија, а не местото од коетп доаѓаат“, рече портпаролката на Даунинг стрит.

Поединостите за новите правила за слободата на движењето наскоро ќе бидат познати, а ќе вклучуваат и посторги проверки во смиска на евентуало криминално минато на оние кои сакаат да влезат во Велика Британија.

„Тоа не значи дека ќе го спречиме доаѓањето во земјата и тоа не знали дека непријателски ќе се однесуваме кон имиграцијата или имигрантите. Иниграцијата во Обединетото Кралство демократски ќе се контролира и ќе создадеме состем по примерот на Австралија“, изјави Џонсон за BBC Radio Cornwall.

Здружението The3million, кое ги претставува интересите на околу 3,6 милиони државјани на ЕУ кои престојуваат во Велика Британија, изрази незадоволство од новата одлука. „Тоа е неодговорно и отвора врата воопшто за дискриминација“, објави здружението на Twitter.

На почетокот од август, Џонсон најави забрзан процес за издавање визи а да ги привлече „најбрилијантните мозоци“ и да ѝ овозможи на Велика Британија да „продолжи да биде научна суперсила“ и по брегзитот. Вети и дека ќе го заштити правото на државјаните на ЕУ кои живеат во Британија таму и да останат, доколку земјата излезе без договор.