Лондон за поголеми овластувања на безбедносните служби поради странско мешање

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да им даде поголеми овластувања на безбедностните агенции и служби за да се запре наводното странско мешање во Обединетето Кралство, пишува весникот Times.

Владата поготвува воведување ново законодавство поврзано со контрашпионажата, наведува весникот, додавајќи дека новите закони би можеле да воведат „регистар на странски агенти“ востановен по примерот на САД, а кој се применува и во Русија.

Станува збор за лица кои се пријавуваат дека работат за странски организации или се платени од странство. Кој нема да се согласи на тоа, би можело да биде упасен или депортиран, се наведува во написот на Times.

Написот се појави истовремено со објавувањето на парламентарниот извештај од вторникот, според кој британската влада пропуштила да утврди дали Русија наводно се мешала во референдумот за членството на Обединетото Кралство во Европската унија, одржан во јуни 2016 година.

Долгоочекуваниот извештај на парламентарната комисија за безбедност и разузнавачки служби утврдил дека Русија се обидела да влијае на референдумот од 2014 година на кој гласачите ја одбија независноста на Шкотска. Тогаш во британските медиуми имаше контроверзни извештаи во врска со победата на иницијативата за шкотското останување во рамките на Велика Британија.

Во извештанот, како што наведува Times, се критикуваат разузнавачките агенции за пристапот кон нешто за што е потребна „екстремна претпазливост“ и навдува дека владата „директно избегнала“ иострага за обвинувањата дака „агентите на (рускиот претседател Владимир) Путин се мешале во гласањето за брегзитот“.

Русија наводно се вмешала во шкорскиот референдим а британската влада не барала темелна истрага за можното влијание на Кремљ на гласањето за брегзито, се наведува во извештајот на британската палраментарна комисија. Извештајот наводно бил готов во мар 2019 година, но дури вчера е објавен.

Во извештајот се додава дека, исто така, постојат индиции на отворените извори дека Русија наводно се обидела да влијае на кампањата за брегзитот, но дека британската влада не барала посилни докази за „руското мешање“.