Лондонскиот аеродром Гетвик ги откажа сите летови поради проблеми со контролата

Лондонскиот аеродром Гетвик вечерва ги откажа сите летови поради проблеми со контролата на летање во контролната кула. Поради ова, стотици патници останаа без транспорт, а авионите се пренасочуваат на другите аеродроми

Службени лица од аеродромот во 18.47 часот по средноевропско време објавиле на Твитер дека се работи на најбрзо можно отстранување на проблемот.

„Работиме со ANS, нашиот оператор за контрола на воздушниот сообраќај, за да го решиме проблемот што е можно поскоро. Се извинуваме и ги советуваме нашите патници да ги проверуваат информациите за летовите со нивните авиокомпании“, со додава во официјалното соопштение.

Гетвик, се наоѓа на 45 километри од центарот на Лондон и е вториот најпрометен аеродром во Велика Британија, после аеродромот во Хитроу.