Лондонскиот суд го одби барањето за одложување од адвокатите на Асанж

Основачот на WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж во понеделникот се појави пред судот во Лондон на сослушувањето за тоа дали ќе биде екстрадиран во САД поради обвинувањата за шпионажа, а судот го одби барањето на неговите адвокати за одложување на судењето

Процесот за екстрадицијата на Асанж ќе продолжи во февраури 2020 година, како што беше планирано, откако судијката Ванеса Барејтсер го одби барањето на неговите адвокати за доложување од три месеца, за да имаат повеќе време за да се подготват за судењето.

Асанж на судот крена во вис стисната тупаница, свртен кон своите поддржувачи во судницата. На сослушувањето дојде свежо избричен, што е во контраст со неговата долга брада која ја имаше додек живееше во амбсадата на Еквадор.

Четириесет и осумгодишниот Асанж во САД е обвине по 18 точки, вклучително и за заговор за хакирање на владини компјутери и кршење на законот за шпионажа. Доколку биде осуден, може во затвор да мине неколку децении.

Австралиецот се прослави на почетокот до 2010 година кога WikiLeaks објави класифициран американска воена снимка од напад од 2007 година во кој хеликоптери „Apache“ во ирачката престолнина Багдад убија неколку десетици цивиили, вклучително и двајца соработници на агенцијата Reuters.

Неговите поддржувачи го сметаат за херој кој ја открива злоупотребата на моќта на современите држави и за симбол на слободата на говорот. Критичарите, пак, тврдат дека тој е опасна личност, којашто наводно во договор со Русија се обидува да го поткопа Западот и националната безбедност на САД, и не го сметаат за новинар.

Политичарите во Вашингтон WikiLeaks ги разгневи објавувајќи стотици илијади доверливи американски дипломатски преписки во кои се критикуваат и потсмешливо се опишуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до челниците на американските западни сојузници во Европа и членови на саудиското кралско семејство.

Асанж во 2012 година се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон за да го избегне предавањето на Шведска во кој требаша да биде испитуван по две обвинувања за сексуално злоставување и силување, што тој ги отфрли тврдејќи дека крајната цел е да биде предаден на САД. Во амбасадата Асанж мина седум години, до април гидинава, а потоа му беше одреден притвор од 50 седмици поради кршење на кауцијата. Овој рок истече, но Асанж и натаму е притвоен додека трае процесот за негова екстрадиција.