Лопетеги го впиша првиот пораз на клупата на Реал, поразена и Барса

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулиен Лопетеги, го започна својот престој на клупата на „Кралскиот клуб“ со пораз од 1:2 во пријателската средба со Манчестер Јунајтед одиграна во рамките на турнејата по САД.

Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме. „Црвените ѓаволи“ поведоа преку Алексис Санчез во 18 и Андре Ерера во 27 минута, додека Карим Бензема во третата минута од судиското продолжение беше стрелец за Реал.

Манчестер Јунајтед со овој меч ја заврши турнејата по САД. Пред дуелот со Реал, екипата на Жозе Мурињо ремизираше со Клуб Америка (1:1) и со Сан Хозе (0:0), а по подоброто изведување на пеналите го совлада Милан (1:1), а беше високо поразена од Ливерпул (1:4).

За Манчестер Јунајтед првенството на Англија започнува во петок на 10-ти август против Лестер, додека Реал првот меч во шпанското првенство ќе го одгра на 19-ти август протв Хетафе.

И Барселона изминатата ноќ беше поразена, во пријателскиот натпревар одигран, исто така, во рамките на турнејата по САД. Во Арлингтон, Рома го совлада актуелниот шпански шампион со 4:2 пред речиси 55.000 гледачи.

Рафиња ја доведе Барселона во водство во 6 минута, а Ел Шарави израмни во 35-та. Потоа Малком во 49 минута повторни донесе водство на Каталонците, но следеа три погодоци на Рома, и тоа на Флоренци во 78, Кристанте во 81, а Пероти реализираше пенал во 86 минута.

Изминатиот викенд Брса одигра меч против Тотенхем во Пасадена каде што славеше по изведувањето на ударите од белата точка. Во сабота во Санта Клара против Милан ќе го одигра третиот и последен натпревар во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.