Лопетеги ја презема Севилја

Шпанскиот прволигаш Севилја го именуваше Хулен Лопетеги за свој нов тренер, објавено е на интернет страницата на клубот.

Лопетеги минатата година си поднесе оставка на селекторската позиција непосредно пред светското првенство во Русија за да го преземе Реал Мадрид од каде потоа набрзо беше сменет.

Севилја, којашто првенството го заврши на шестото место, објави дека 52-годишниот Лопетеги ќе ја води екипата во следните три години. Поранешниот селектор на „Црвената фурија“ на клупата на Севилја ќе го замени Жоакин Капарс кој првата екипа привремено ја водеше од март.

Лопетеги сензационално доби отказ два дена пред почетокот на мундијалот кога медиумите открија дека поптишал договор за преземање на Реал Мадрид по светското првенство а самиот тој се одлучи за соработката со „Кралевите“. Реал го смени во октомври минатата година, по само три месеца, поради лошите резултати.