Лориен во продолжението го доби дербито на дното против Дижон

Во мечот од 20-то коло на француското фудбалско првенство во средата вечерта Лорион на свој терен со 3:2 славеше над Дижон израмнувајќи се бодовно со тројката која е во зоната на испаѓање.

Домашните успеаја во второто полувреме да направат резултатски пресврт, што им дава некакви надежи за

Лориен поведе во 30 минута со погодокот на Трево Шалоба, но во 39 минута израмни Бруно Екуеле Манга а веќе во 42 минута Дижон дојде во водство со голот на Мама Балде.

Упорноста на домашните беше наградена со ирамнувачкиот погодок на Терем Мофи во 58 минута а крунисана со несреќниот автогол на Антони Рачиопи во последните моменти од мечот во шестата минута од судиското продолжение.

Така сега Дижон остана на 18-то место од кое игра квалификации за опстанок, Лориен се качи место погоре и е претпоследен 19-ти препуштајќи му го „фенерот“ на Нимс, а сите три тима имаат по 15 бодови или три помалку од 17-от Нант кој е на позиција која гарантира опстанок. Но Лориен и Нимс имаат и меч помалку од ривалите.

На врвот на француското првенство е ПСЖ со 45 бодови, колку што има и второпласираниот Лил, а два бода зад нив заостанува Олимпик Лион. Четвртопласираниот Монако има 39 бодови, а три помалку има петтиот Рен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.