Лозано до водителот на MAC: Тоа е Македонија, а не со тој додаток (ВИДЕО)

Популарниот пејач Влатко Лозаноски синоќа на манифестацијата Music Awards Ceremony 2020, која се оддржа во Белград го порави водителот со забелешка дека е од Македонија, а не од Северна Македонија како што беше најавен.

Лозано на манифестацијата го  го доби признанието за најдобра поп фолк нумера.

Поздрав до сите коишто гласаа за „Мајко“ една од моите омилени песни и голема благодарност за моите во Македонија. И морам да го поправам Сале „тоа е Македонија, а не со тој додаток што го кажа предмалку“ – рече Лозаноски.

Телевизијата Канал 5 се избори организаторите на манифестацијата Music Award Ceremony (МАC) што се одржа вечерва во Белград да ја употребуваат именката Македонија за нашата земја, наместо Северна Македонија.

Како што можевме да слушнеме од водителот на преносот на доделивањето на МАС наградите, на Канал 5 ТВ, на барање на менаџментот на оваа наша телевизија, организаторите прифатиле да ја именуваат нашата земја како Македонија, а не како Северна Македонија, како што до завчера се случувало на сите нивни објави за настанот.