Лозарите бараат најмалку 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец”

Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот регион.

„Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од терен, годинава имаме добар и квалитетен род. Короната нé спречи малку во активностите, но сепак работиме на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваме и можностите за извоз на грозје“, велат од Здружението за МИА.

За вечер е закажан состанок во мал состав за сите отворени прашањаоколу производството и пласманот на грозјето од годинашниот род. На состанокот ќе бидат испочитувани мерките за заштита од коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.