ЛШ: Манчестер Сити – Атлетико Мадрид без голови, Ливерпул ремизираше со Бенфика

Атлетико Мадрид и Манчестер Сити вечерва одиграа 0:0, резултат кој во полуфиналето го одведе тимот на Пеп Гвардиола благодарение на триумфот од првиот дуел во Манчестер (1:0).

Сити тешко дојде до гол во првиот натпревар, а тој гол на Де Брујн се покажа и како одлучувачки во двомечот. Не се залета денес Атлетико, повторно повеќе внимаваше на својот гол. Меѓутоа како што одминуваше времето, создаваа шанси пред голот на Едерсон. Најголемите ги имаа во последните десетина минути. Но, мрежата на „граѓаните“ не се затресе. Во последните минути Атлетико остана и без играч помалку откако Фелипе заработи директен црвен картон.

Во полуфиналето од Лигата на шампионите Манчестер Сити ќе игра против Реал Мадрид.

Клоп со оглед на предноста од првиот дуел одлучи да ги одмори најдобрите фудбалери, а и со таков состав „црвените“ дојдоа до предност. Резултатот го отвори Конате после 20 минути игра, Бенфика не се предаде и изедначи десетина минути подоцна. Со по еден

Ливерпул во 55. минута стигна до ново водство стрелаше Фирмино, истиот играч десет минути подоцна се погрижи и за 3:1. До крајот на полувремето Бенфика успеа да постигне два гола преку Јаремчук и Нунез за конечни 3:3 или вкупни 6:4 за Ливерпул.

Противник на Ливерпул во полуфиналето ќе биде изненадувањето на сезоната во најелитното европско натпреварување, екипата на шпански Виљареал.