ЛШ: Реми на Лајпциг со Манчестер Сити, Интер за гол подобар од Порто

Во средата вечерта во последниот прв натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, РБ Лајпциг и Манчестер Сити ремизираа 1:1, додека Интер во Милано го победи Порто со 1:0.

Драмата така се сели на стадионите „Етихад“ и „Драгао“, каде ќе се играат реванш натпреварите и каде ќе се прослават патниците за четвртфиналето.

Лајпциг и Манчестер Сити доста претпазливо го отворија натпреварот, а во првите дваесетина минути ниту една екипа не создаде вистинска шанса, ниту му се закани на противникот. Сепак, релативно брзо гостите од Манчестер се наметнаа на теренот како надмоќна екипа, ако ништо друго барем во поседот на топката.

Сити поведе во 27 минута откако домашниот тим компликуваа на околу 30 метри од сопствениот гол. Грилиш ја украде топката, а во продолжението од акцијата, домашната одбрана беше пребавна во реакциите, што Махрез го искористи за со добро упатен удар да ги доведе „Граѓаните“ во водството од 1:0.

До крајот на полувремето Сити имаше покажа малку повеќе напаѓачки амбиции, па Родри имаше две солидни шанси, а Гралиш една. Единствено што направи Лајпциг во првото полувреме беше ударот на Тимо Вернер во судиското надополнување, кој Едерсон лесно го одбрани.

Од првата секунда на вториот дел Лајпциг заигра многу порешително и поенергично и почна многу почесто да му се заканува на Манчестер Сити. Две шанси имаше Хенрикс, кој влезе на стартот од вториот дел. Тој најпрво се закани со глава, а во 55 минута имаше одлична шанса кога шутираше од десетина метри откосо покрај стативата.

Во 63 минута Андре Силва имаше шанса да израмни на 1:1, но се испречи Едерсон. Истовремено Сити во одредени периоди само ја чуваше топката и го трошеше времето, без голема желба за втор погодок кој веројатно ќе го скршеше отпорот на противникот.

Потоа шанса имаше Собошлаи, а израмнувањето следеше во 70 минута. По центаршутот на Халстенберг, хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол ја совлада гостинската одбрана, кога го искористи лошото поставување на Едерсон и со глава од непосредна близина погоди за 1:1.

Веднаш по израмнувачкиот гол, Гундоган можеше да го врати водството на Сити, но Блашвич добро реагираше. До крајот на натпреварот Сити го имаше поседот на топката, но ритамот на игра се смири и диелот заврши без победник.

Во вториот меч вечерта, во Милано домашниот Интер долго го кршеше Порто и на крајот успеа со погодокот на Ромелу Лукаку во финишот. Гостите имаа две одлични шанси, по една во секое полувреме, но не успеаја да го совладаат Онана.

Интер очекувано доминираше од првата минута, а воедно имаше и три многу добри прилики во воведните дваесет минути. Во 12 минута ударот со глава на Мартинез беше лош, а потоа поопасно се заканија на Барело од далечина во 15 минута и Чалханоглу во 18 минута, кога добро реагираше домашниот голман Диого Кошта.

Потоа се играше мирно до 37 минута кога гостите од Порто имаа одлична шанса за гол. Најпрво Онана му одбрани удар на Грујиќ, додека во продолжението од акцијата Бразилецот Галено не успеа со глава да ја затресе мрежата на Интер.

Најголема закана за Порто беше Димарко, кој упорно напаѓаше по левата страна и испраќаше бројни употребливи топки до своите напаѓачи, но сѐ беше залудно. По десет минути игра во вториот дел, Порто повторно беше многу блиску до гол, но домашниот голман Онана повторно беше одличен. Одбрани два опасни удари.

Интер имаше шанса во 78 минута кога Порто остана со играч помалку, Отавио имено го доби вториот жолт картон. Интер тогаш притисна, Лукаку, Мартинез и Барела се обидоа да постигнат гол, а гостинската одбрана капитулираше во 86 минута. Новиот центаршут дојде до главата на Лукаку, кој најпрвин ја погоди стативата, но топката се одби кон него и од вториот обид белгискиот напаѓач погоди за тимот на Милан за 1:0.

Реваншите во Манчестер и Порто ќе се играат на 14-ти март.

Бенфика – Бриж и Челзи – Борусија Дортмунд на 7-ми март ќе ги одиграат првите реванш натпревари од осминафиналето. Во првите натпревари Бенфика победи со 2:0 на гостински терен, додека клубот од Дортмунд како домаќин победи со 1:0.

Ден подоцна играат Тотенхем – Милан (0-1) и Баерн – ПСЖ (1-0), додека на 15 март се среќаваат Наполи – Ајнтрахт (2-0) и Реал Мадрид – Ливерпул (5-2).