Луѓето кои ги обожуваат славните имаат пониски когнитивни способности

Во таканаречениот култ на славните личности не недостасуваат следбеници, но едно ново истражување покажува дека луѓето коишто се опседнати со животите на богатите и познатите обично постигнуваат пониски резултати на когнитивните тестови, се наведува во студијата објавена во стручното списание BMC Psychology.

Научниците наведуваат дека иако се чини дека обожувањето на славните личности е поврзано со послабите интелектуални капацитети, останува нејасно дали таквата фасцинираност со иконите е причина или последица на таквите намалени интелектуални капацитети.

Со истражувањато биле опфатени 1.763 возрасни Унгарци во рамките на онлајн анкета, којашто вклучувала низа тестови осмислени за процена на два разлини аспекта на интелигенцијата.

Првиот од нив имал цел да биде тестиран речникот на учесниците во истражувањето, а вториот бил тест на асоцијации и бројки. И двата ги мереле различните аспекти на интелигенцијата. Испитаниците, исто така, пополнувале прашалник за ставот кон славните личности за да се дефинира нивото на опседнатоста со славните.

Оние чијшто интерес бил ограничен на разговорите за животите на славните со пријателите категоризирани се како „забавно-друштевени“ обожуватели. Следното ниво, пак, е дефинирано како „интензивно-лично“, а вклучувало компулсивно размислување за славните личности.

Највисокото ниво на опсесијата е означено како „гранично патолошка“. Луѓето вброени во оваа категорија се наклонети да се согласат со изјавите како што се „да имав среќа ќе ја запознаев обожуваната славна личност, а ако тој/ таа ме замоли да сторам нешто незаконски како услуга, веројатно тоа би го сторил“.

Научниците, исто така, го процениле нивото на материјалното богатство и самопочитта на секој од учесниците во истражувањето. Откриле дека повисоките новоа на опседнатост со славните лица биле поврзани со полошите резултати во двата истражени аспекта на интелигенцијата.

Меѓутоа, моделите не успеале да покажат дали обожувањето на славните личности предизвикало пад на когнитивните способности, што го отежнува раздвојувањето зошто постои таквата поврзаност.

Спекулирајќи за карактерот на таквата врска, авторите на студијата тврдат дека опсесијата со славните личности може да ги попречува когнитивните способности поради интензивното ниво на фокусот и вниманието коешто е потребно за одржување на оваа „еднострана емоционална врска“.

Од друга страна, пак, се претпоставува дека е помалку веројатно дека луѓето со повисоко ниво на интелигенција ќе обожуваат славни личности поради поголемата способноста за препознавање на „маркетиншките стратегии зад познатата личност“. На крајот, заклучуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди дали опсесијата со славните личности е причина или последица од пониската интелигенција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.