Луј Ликсур – ги видов парите!

Жалам дечки, гледам „сечи веневте“ што бевте без моите писанија пар недели. Се осеќа дека сте напатени оти нема локумнистички писанија по нетов, ахем.

Локумнисти се намножија ко рамковни свадбари, кинески фабрики за ситна пластика и католичи зајаци и тоа со аритметичка прогресија. And now … Приказни од предисторијата

2001 ме кани Младенов во „Фокус“, по втор пат, и бара да правам интервјуа со нашиве од естрадата. Знаев дека е боље да скокнам у осило паднато во змијарник каде се цапаат крокодили во вода со пирани одошто со таа евнушка и кретивно сунетисана & кастрирана каста да се заеб .. фркавам – јавам. И ја будала прифатив. Е, оти? Плаќање! Никола Младенов најбоље у свет плаќаше, ко никој, до толку добро, да не можеш НЕ да му кажеш. А, беше фраер и чат-пат људина, се знаевме од детство, а заради Бранко Црвенковски се скаравме (он беше против него – јас за,  верувале или не) После 5-6 интервјуа, овие од естрадава напињаат ко грчеву у стомак при дијареа, и некако да ескивирам, го мољакам Младенов да сменам работно место у весникот.

– За што сакаш да пишуваш?

– Колумни.

– Како бре колумни, а имаш само 6 години и тоа радио музичко новинарство? Абе додека не наполниш 5 септички со анализи, интервјуа, изјави, нема шанси да напишеш и да бидеш валиден. Седи таму, работи, терај со емисијата (тогаш стартував на А1 баш кога почна војната и емисијата беше укината на интервенција на Фрчковски) и ако тераш упорно за едно 5 години пробај нешто да напишеш. Што е ова бре? Се накотија колумнисти чии писанија нема да можат да се читаат ни после две недели. Колумна е литаратурно дело, залог, треба да се навратиш години после на неа и да видиаш дали држи напишаното… – Така некако шпрахаше Никола. Тогаш во „Фокус“ беше и Трендо и плодовите од неговата бавча и ден денес се и тоа како вредни за читање – „држат“. И така, се утепав од работа на ТВ, за неколку години направив многу, премногу интервјуа и тоа ме стекна со голем „носошмрк“ за она што се случува со визија за некаква поширока & појасна слика.

Некои весници, во тие години, почнаа да објавува колуми на политичари и секако и другите весници тоа го прифатија, таквите „гомнонисти“ беа плаќани и по 3-4000 евра месечно што беше јасно дека е класичен паритски рекет. Едино тешеше што имаа тираж и реклами, па ај некако. Никој не се бунеше што партиски „бубули“ кои ден денес се истите кои паламудат, цицаа покрај државни и приватни пари. Заработуваа, а немаа ни ден работно искуство. Намириса и ситниот добиток дека колумна е одличен начин да станеш она што ‘роспиите денес го прават со Инстаграм, се чепатиш, правиш лигави деланија, а публика особено кафанско-запотена, клика лајкови со една рака додека другата тремор под маса. Денес и се чудам како сите станаа колунисти со валидност – кока кола зеро. Нема полесен начин, лапни ситна пара – без вложен труд – дупло голо. Сите станаа Крлежи и Ујевиќи и Ќопиќи, а писанијата танки како гс папир кај баба сера, кога за 20 денари добиваш едно лифче, а ти побајаги грав спремаш за даунлоад. Легален рекет, партиски поготово кај нас е ликсур категорија, народов и политичарите се неизживеани, дај пари – је*еш све друго. Покрај личниот голем имот, дневници & партиски дневници, бонуси и комисии, уште и платени за колумни, ма дај не ме… Ај разбирам одвреме- навреме, не е лошо да прочитам писание од некој од „најкрупните“ и во светот тоа го прават, ама бесплатно, ама ако ги најдете, на пример, колумните во „Дневник“, средина на минатата деценија и читнете некои од денешните, а подоцна и претходната власт министри, па тоа бре куче со маст не може да го јаде. Не дека е добро одвреме-навреме видни и високо позиционирани политичари да напишат и се дообјаснат со некоја статија ама и новинари, станаа. Младенов имаше усул и знаеше како треба, нејсе… минаха години.
И сега, лупам цела страна што кажав? Ништо? А, зошто да кажам, моето не – делување е мојот отпор! Кон медиумов? Не! Кон вас, јавноста. Во искрена надеж дека добивте уртикарија од мене, па повеќето баталија оти јавноста читание од две страни тешко дека има капацитет да исконзумира „час изузецима“ – шо би рекле мароканци.

Еве каде ми врти целиов муабет со намера да не го спомнам оти ќе ме палите на клада…а, па и да ме палите, та преку Тасета.

Минативе скоро 30 години си биравте власт, ви ја менуваа на сила, име, презиме, знаме, и останати колци и палци и не се буневте! Добро чат-пат, ако партијата ви ве повика на протест и толку. Генерално, јавноста нешто како се буни, ама као нимфоманка која се фемка, демек не, немој, не сакам, и на крај – море дај бутај! Но, прв пат во мојава кариера гледам олку бунтовна и жестока рекација на јавноста против организиран криминал која со децении, јанвост која си чепкаа носот или како нешто лупаа на маса у кафана – НЕ ЧИНИ, НЕ НЕ’ БИВА, АПСААНА!

Не, другари и вие најмили другарки, се засркнавте кога ја видовте торбата Луј Витон полна со пари. Ма какво име, индентитет, одеднаш сите „повaгинилиизирeа“. Ликсурлукот на левел 9000. Скоро да немаше наш „брат по евра“ кој не посака да биде Боки 14, 15, 33, за да м’цне у торбата. Народот се крена, секако, социјални мрежи само, абе француска револуција мислиш. Море правда бара, борба до крај… Сори, бат ај фил сик. Како – така, се тера оваа правда, благодарјќеи на странците повеќе, одошто многу поголеми криминали на уништени фабрики, терористички акции, убиства на деца, отпуштени работници… Не полудевме тогаш за пострашно, ама кога видоме торба полна со пари! АСПААНА! Сите сакаме да ја имаме тој мрачен лујвитонски предмет на желбата.

Како само не помна Боки при бегството и ја фрли кај мене во двор, ќе ја вратев, одма! (на некој ризорт „All Inclusive“ со 7 ѕвезди, а локумнадесите ќе ми беа за влијанието на морската сол во корелација со Дон Перињон и Руски Кавијар. Палите кладите!

„Затварај продавницата мајстор Феро, ќе биде густо“

Автор: Јанко Илковски за НетПрес