Актуелните вицешампиони во НБА лигата, Кливленд Кавалирс на последниот ден од дозволениот рок за размена на играчите го променија составот на соблекувалната испраќајќи го Ајзеа Томас и Ченинг Фрај во Лос Анџелес Лејкер, Џеј Кроудер и Дерик Роуз во Јута Џез, Двејн Вејд во Мајами Хитс, а Иман Шамперт во Сакраменто Кингс, додека во Кливленд дојдоа Џордан Кларскон и Лери Ненс од Лејкерс, Родни Хид од Џез и Џорџ Хил од Кингс.
Станува збор за три одвоени „трејда“. Во првиот челниците на Кливленд одлучија ѕвездата на летниот преоден рок, ветеранот Ајзеа Томас, кој пристигна со Џеј Кроудер и Анте Жижиќ од Бостон во размената за Кајри Ирвинг, да ја испратат во Лос Анџелес, заедно со Феј и изборот на првиот круг на следниот НБА драфт.
Во втората размена беа вклучени два клуба, Јута Џез и Сакраменто Кингс. Јута ги доби Краудер и ветеранот Дерек Роуз, а во Кливленд го испрати Родни Худ. Ветеранот Џо Џонсот од Џез се пресели во Сакраменто, кој од Клевленд го доби Иман Шамперт и изборот во вториот круг од НБА драфтот во 2020 година, додека Кингс ги испрати плејмејкерот Џорџ Хил во Кавс.
Во раните попладневни часови по локално време, Кливленд реши ветеранот Двејн Вејд да го „врати“ во Мајами, каде што тој ги мина своите први 13 сезони во НБА, а за возврат ќе добие заштитен избор во вториот круг од следниот НБА драфт.
Така, од екипата којашто сезоната ја започна со Леброн Џејсм, од поважните играчи останаа Џеј Ер Смит, моментално повредениот Кевин Лав, Тристан Томпсон, Кајли Корвер, Џеф Грин и Шпанецот Хозе Калдерон, а тука останаа и младиот хрватски центар Анте Жижиќ, Турчинот ЧЕди Псман, Лондон Перантес и Џон Холанд.
Не беа активни само во Кливленд, а од размените кои досега се случија најинтересна е онаа меѓу Детроит Пистонс и Чикаго Булс, во кој кај Пистонсите дојде бекот Џејмир Нелсон, а во редовите на Булс пристигна центарот Вили Рид. Имено, двајцата последните осум дена веќе по вторпат го менуваат клубот. Нелсон во Чикаго дојде во пакет од Њу Орлеанс во замена за Никола Миротиќ, а Рид беше дел од размената меѓу Детроит и Лос Анџелес Клиперс во којашто ѕвезда беше Блејк Грифин, по чиешто доаѓање Пистонс нанижаа пет победи.