Лудило е да си играме човечки животи и при троцифрена бројка заразени да почнеме изборна кампања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 посочи на големата бројна на новозаразени од коронавирусот како клучна пречка за одржување на избори. Тој истакна дека според Зоран Заев кога имаме троцифрена бројка заболени од корона според Заев треба да започне кампања за избори што според Мицкоски е лудило бидејќи на тој начин би си поигрувале со човечки животи.

„Она коешто го слушаме е само повторување како една грамофонска плоча, расипана. 5 јули и точка. Тоа значи дека за 10 дена од денеска вие треба да почнете кампања, от една страна имате троцифрена бројка на заболени, имате вонредна состојба во државата. Се подготвувате во кампања. Ви го нема шефот на мисијата на набљудувачи на ОБСЕ и ОДХР, ги нема оние набљудувачи долгорочни кои први доаѓаат не знаеме дали оние краткорочните ќе бидат во полна мисија и вие велите ќе имаме ние избори. Малку делува несериозно. Вака како што се движиме не се движиме во добра насока. Еве ви кажав, кој е тој што вас ќе ви ги признае тие избори на 5 јули, сите да учествуваме на избори, а притоа нема полн легитимитет набљудувачката мисија и комплетно се промашени сите рокови за набљудувачката мисија. Од друга страна ние немаме протоколи од ресорното министерство за однесување. Кој ќе биде одговорен за прекршувањето на тие протоколи? Повторно ќе праќаме цели ескадрони припадници на МВР да не апсат? Кој ќе биде одговорен за спроведување на кампањските активности што ако некој од учесниците во кампањата заболи од коронавирусот’, запраша Мицскоски.

Според него, човечкиот живот нема цена и разговорите за датум за избори во ваква една катастрофална ситуација се несериозни.

„-Што ќе се случи ако утре некој недај боже го загуби животот? Ќе ја прекинеме кампањата? Има ли цена човечкиот живот? Нема цена, за мене нема цена“, заклучи Мицскоски